сабота, ноември 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Три лица се приведени при инцидент во Чегране: Едното од нив...

Три лица се приведени при инцидент во Чегране: Едното од нив било затекнато со бела прашкаста матетрија, другите двајца со возило се обиделе да прегазат полицајци

0

Три лица од гостиварското село Чегране биле лишени од слобода откако едно од нив било затекнато со бела прашкаста материја, а другите двајца, според полицијата, со возило се обиделе да прегазат полициски службеници и им се заканувале по животот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во четвртокот вечерта во 20:35 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Х.С. (26) од Чегране. При преглед на патничко возило „мицубиши“, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

За време на полициските дејствија пред домот на Х.С., со патничко возило „бмв“ пристигнале В.Ч. (24) и А.Н. (35), двајцата од Чегране. Според пријавеното, тие со возилото се обиделе да ги прегазат полициските службеници и им упатиле закани по животот, по што побегнале.

По преземените мерки, двајцата биле пронајдени и лишени од слобода.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

ИЗДВОЕНИ