понеделник, јуни 8, 2026
Дома СВЕТ Тревога во Техеран – вклучени сирените за воздушна опасност

Тревога во Техеран – вклучени сирените за воздушна опасност

825

Сирени за воздушен напад се вклучија во Техеран, главниот град на Иран, во неделата, објави Скај њуз, повикувајќи се на иранскиот новински медиум Нур њуз. Сè уште не е познато зошто се вклучија сирените.

Прекинот на огнот е во сила од среда, 8 април, а беше продолжен во среда, 22 април, до понатамошно известување. Американскиот претседател Доналд Трамп не даде рок за продолжување на прекинот на огнот, но денес објави дека американската морнарица има целосна контрола врз Ормутскиот теснец.

За потсетување, Израел и САД го нападнаа Иран во раните утрински часови во саботата, 28 февруари, во воената операција „Епски бес“. Во нападите на првиот ден беше убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, прекинот на огнот е во сила од 8 април и беше продолжен на 22 април, американската морнарица ги блокира приодите кон Ормускиот теснец и иранските пристаништа од 13 април по неуспешните преговори во Пакистан, привремено прекин на огнот меѓу Израел и Либан е во сила од 16 април, а Ормускиот теснец беше отворен од 17 април до 18 април, кога повторно беше затворен.

ИЗДВОЕНИ