
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака да ја заврши војната и дека му е потешко да излезе на крај со Украина, велејќи дека „ќе го среди тоа и ќе ја запре“.
На прашањето дали верува дека Путин сака да стави крај на војната, Трамп рече дека го сторил тоа.
„Мислам дека ни оди многу добро со Русија и тие ја бомбардираат Украина во моментов. Искрено, потешко ми е да се справувам со Украина. Тие немаат адути“, посочи Трамп.