Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека војната против Иран е „практично завршена“ и дека Вашингтон е „многу понапред“ од првично проценетите четири до пет недели, објави новинар на CBS News на мрежата X, повикувајќи се на интервју со него.
„Мислам дека војната е практично завршена. Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили“, ја цитираше дописникот на Белата куќа на CBS News, Веиџи Џијанг, изјавата на Трамп.
Трамп, пренесува Ројтерс, исто така рече дека Соединетите Држави се „многу понапред“ од првично проценетите четири до пет недели за војната.
Зборувајќи за новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, Трамп за CBS News рече „немам никаква порака за него“.
Трамп додаде дека има некој на ум да го замени Хамнеи, но не даде дополнителни детали.












