вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Трамп тврди дека Иран ги информирала САД дека земјата е во состојба...

Трамп тврди дека Иран ги информирала САД дека земјата е во состојба на колапс: „Тие сакаат да го отвориме Ормускиот теснец“

330
Foto: EPA

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно проговори за преговорите со Иран и рече дека претставници од Техеран ја информирале Белата куќа дека сакаат да ја променат ситуацијата во Ормускиот теснец.

Во кратка објава на социјалната мрежа „Трут соушал“ (Truth Social), Трамп рече дека добил информации дека ситуацијата во Иран не е добра.

„Иран штотуку нè информираше дека се во „состојба на колапс“. Тие сакаат што поскоро да го „отвориме Ормускиот теснец“, додека се обидуваат да ја разберат својата ситуација меѓу раководството (што верувам дека ќе можат да го сторат!). Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“, рече Трамп, пренесува „Клик“.

Новата изјава на американскиот претседател е малку поинаква од ставот што го пренесоа претставниците во текот на денешниот и вчерашниот ден.

Имено, во американските медиуми се појавија извештаи дека Трамп не е задоволен од планот на Иран за Ормускиот теснец, а ова го потврди и државниот секретар Марко Рубио.

„Под отворањето на теснецот, тие мислат дека теснецот е отворен сè додека се координирате со Иран; добијте наша дозвола или ќе ве дигнеме во воздух, а вие ќе ни платите. Ова не е отворање на теснецот. Ова се меѓународни водни патишта. Тие не можат да се нормализираат, ниту пак можеме да толерираме како се обидуваат да нормализираат систем во кој Иранците одлучуваат кој ќе ги користи“, рече Рубио.

ИЗДВОЕНИ