Екипата на Орландо се во позиција што ретко се гледа во НБА-плејофот. Осмиот носител во конференцијата е на еден натпревар од елиминирање на најдобриот тим од регуларниот дел од сезона.

„Магичните“ водат со 3-1 во серијата со Детроит Пистонс, кои го „освоија“ Истокот со 60 победи, дури 15 повеќе од нивните ривали од Флорида. Сепак, триото Банкеро – Вагнер – Бејн го „распарчува“ тимот од градот на автомобилите и е на чекор од сензација.

Но, кога навивачите ќе видат на семафорот дека осмиот тим води со 3-1 против најдобриот, сигурно се ежат.

Постарите фанови на НБА, сигурно сè уште се сеќаваат на 2003 година и се надеваат дека нема повторно да им се случи истото. Имено, тогаш „магичните“ водеа исто така со 3-1 во серијата против Пистонс, како осми против првиот тим на Истокот. И тогаш Трејси Мекгрејди кажа нешто што, според многумина, го „проколна“ Орландо.

  • Убаво е чувството да се стигне до втората рунда, рече Мекгрејди по третата победа во серијата, иако сè уште, практично, не беа влезени во наредната фаза.

Тоа ги мотивираше Пистонси, предводени од Бен Волас, Рип Хамилтон и Чонси Билапс (40 поени во шестиот натпревар, 37 во седмиот натпревар), кои ги ограничија Меџик на 67 поени во четвртиот натпревар, а потоа целосно ја свртија серијата.

Ова е само третпат во историјата тим со 60 победи да губи со 3-1 во првата рунда. Претходните два пати, Маверикс во 2007 година и Спарс во 2011 година, беа елиминирани во шест натпревари.

Многумина се прашуваат: Можат ли Пистонс да направат сензационален пресврт?

ИЗДВОЕНИ