Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека „часовникот отчукува“ и дека времето истекува за разговори за завршување на војната.
Трамп напиша на социјалната мрежа „Трут соушал“ дека би било подобро разговорите да започнат наскоро.
Пораката дојде откако претседателот разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата, објави „Тајмс оф Израел“.
Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека САД не успеале да направат никакви конкретни отстапки како одговор на најновите предлози на Техеран за завршување на конфликтот, објави „Би-би-си“.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека иранската страна е „одговорна“ и „дарежлива“.












