Претседателот на САД, Доналд Трамп, предупреди дека САД ќе ги уништат електраните во Иран ако Техеран не го отвори целосно Ормутскиот теснец во рок од 48 часа.
Трамп, кој го издаде ултиматумот во објава на социјалните медиуми доцна синоќа, рече дека му дава на Иран 48 часа да го отвори виталниот воден пат.
Во спротивно, рече тој, Иран ќе се соочи со нова рунда напади.
„САД ќе уништат разни електрани, почнувајќи од најголемите“, напиша Трамп, пренесува „Бета“.
Иран рано утрово предупреди дека секој напад врз неговите енергетски објекти ќе предизвика напади врз американските и израелските енергетски и инфраструктурни објекти.
Блокадата на теснецот од страна на Иран и нападите врз бродовите, исто така, доведоа до пораст на цените на нафтата во последните недели.












