петок, јули 24, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Шји и Путин ми ветија дека нема да даваат или продаваат...

Трамп: Шји и Путин ми ветија дека нема да даваат или продаваат оружје на Иран

45
EPA/MAXIM SHEMETOV / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува дека Кина или Русија го снабдуваат Иран со оружје, повикувајќи се на уверенија за кои тврди дека ги добил од лидерите на двете земји.

„Претседателот Шји ми рече на нашата неодамнешна средба во Пекинг дека Кина нема да дава или продава оружје на Исламската Република Иран под никакви околности. Тоа ги вклучува и кинеските компании“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

„Со оглед на нашите односи, му верувам на збор и му правам многу голема услуга“, додаде тој.

„Членовите на НАТО купуваат американско оружје“

Трамп, исто така, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол дека Москва нема да продава оружје на Иран.

„Тој разбира дека не продавам оружје на Украина, туку на земјите-членки на НАТО. Тие плаќаат полна цена, а како тоа оружје се дистрибуира понатаму, немам поим.“

„Затоа, според мене, двете големи земји што често се споменуваат во контекст на Иран не учествуваат. Ако учествуваа, тоа би било многу лошо за нив. Тоа сигурно не би било во нивен интерес“, напиша Трамп.

 

ИЗДВОЕНИ