четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп се закани дека „ќе збрише една цела цивилизација“: ЕУ не го...

Трамп се закани дека „ќе збрише една цела цивилизација“: ЕУ не го сфаќа сериозно

224
EPA/SHAWN THEW / POOL

Европската Унија ги игнорираше заканите на Доналд Трамп за уништување на „целата цивилизација“, а дипломатите и службениците јасно ставија до знаење дека не ги сфаќаат буквално изјавите на американскиот претседател, пишува Политико.

Кога беа замолени да ja коментираат објавата на Трамп на социјалната мрежа Truth Social, која се однесуваше на ултиматумот до Техеран за повторно отворање на Хормускиот Проток до среда, Европската комисија рече дека „нема коментар“. Портпаролот на Европската служба за надворешни работи, исто така, одби да коментира.

„Искрено, ако реагиравме секој пат кога некој ќе објавеше нешто скандалозно на Интернет, сега само со тоа ќе се занимававме“, рече еден функционер на ЕУ запознаен со стратешките дискусии. „Немам впечаток дека денес во Брисел, некој ја разбира оваа конкретна објава поинаку од сите други“.

„Во овој момент не сакаме да разговараме за хипотетички ситуации“, рече дипломат на ЕУ кој е исто така вклучен во обликувањето на политиката на блокот кон Трамп и војната во Иран. И на функционерот и на дипломатот им е загарантирана анонимност поради чувствителноста на темата.

ИЗДВОЕНИ