четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пратеничка од албанската опозиција во ПР налет, присутните активисти укажаа „насилството не...

Пратеничка од албанската опозиција во ПР налет, присутните активисти укажаа „насилството не познава јазици“

2713
Стратегијата за спречување родово насилство пред пратениците, активистите бараат повеќе засолништа и финансиска поддршка за жртвите

Повеќе шелтер засолништа, обука на полицајците и социјалните работници, финасиска подршка на жртвата и по разделување од насилникот се дел од препораките кои женските здруженија ги кажаа на јавната расправа во Собранието по повод Националната стратегија за превенција од родово насилство 2026-2033.

Граѓанските здруженија велат дека овој пораст на фемициди што се случува е поради не спроведување на сите документи што не обврзуваат за заштита на жртвите од семејното насилство. „Има јаз помеѓу сервисните институции“, велат активистите. Го повикаа надлежното министерство за труд и социјала, да почне да ги субвенционира кириите на жените жртви се додека зелосно не застанат финасиски на нозе.

„Потребна е финсиска подршка и по разделбата од сопругот, решавање на прашањето за домување, субвенционирање на месечни кирии, понатаму обезбедување на адвокат не само за развод туку и понатаму за делење на заедничкиот имот“, предложи Стојан Мишев ЕСЕ. Според него државата треба да направи засилена кампања која ќе ја слушнат и жените од руралните места, за тоа што се им стои на располагање како жртви. „ Потребни се итни мерки и во социјалните центри, да имаат соодветни услови за третман со жртвите, понатаму потребна е обука кај службите за препознавање на насилството, не само преку физичките повреди, да се осигураме кога ќе пријави кои форми на насилство ги трпи“, кажа Мишев на Комисијата за еднакви можности.

Граѓанските здруженија од Истокот велат дека треба да се работи на зголемување на свеста кај жените што живеат во помали места бидејќи тие немаат доверба во полицијата и стереотипите дека ќе дознае целото место за проблемот.

„ Да се тргнат личните стериотипи кај некои полициски службеници кои со поставување на штетни прашања ја рушат довербата кај жртвата дека ќе ја добијат соодветната помош“, велат активистите и дополнуваат дека „И наставниците од помалите места не препознаваат деца кои се жртви или сведоци на семејно насилство во домот“. Тие алармираат дека освен во Скопје, по другите градови нема шелтри за згрижување, иако според Инстанбулстака конвенција треба на 10.000 жители да има по една безбедна куќа за жртвите.

Пратеничка не дозволи да почне јавната расправа за семејно насилство, имала психичко насилство од документите само на македонски, бараше печатени на албански јазик

Седницата на Комисијата за еднакви можности на која требаше да има јавна расправа за Национална стратегија за родово насилство околу половина час не можеше да почне бидејќи пратеничка од Европскиот фронт бараше материјалите да и биле доставени на албански јазик.

„Ми правите психичко насилство со тоа што материјалите не ми се доставени на албански“, кажа претничката и инсистираше на пауза. Заменичката која преседаваше со комисијата видно се вознемири бидејќи пратеничката, материјалите на албански,  можела да си ги преземе од интернет страницата на Собранието. „ Оваа седница е да застанеме зад жртвите на семејно насилство, а не да добивате политички поени. Не манипулирајте, денеска не е место, луѓево тука се дојдени да промениме нешто“, вознемирено и се обрати заменичката на претседателката и и укажа дека нема повеќе можност за процедурално.

По ова се слушна аплауз во салата испровоциран од кажаното на заменичката. Но, пратеничката беше упорна па не се тргаше од говорницата од каде инсистираше на пауза и материјали на албански во печатена форма. Гостите реагираа дека веќе го планирале денот да дојдат на јавната расправа и ова што го прави пратеничката од албанската опозиција не е во ред.

По ова заменичката на комисијата за еднакви можности  даде пауза, на што пратеничката и возврати, ама сега на македонски јазик -„Нормално дека ќе дадеш“, по што настана уште поголем револт кај присутните. „ А сега знаеш македонски“, се слушна глас на некој од присутните во салата. Заменичката на крај даде 10 минути пауза да се смират страстите.

„Наместо сериозна и суштинска дебата за Националната стратегија за превенција и заштита од насилство врз жени – тема која бара одговорност, зрелост и фокус, сведочевме на обид за евтин политички перформанс“, рече на прес конференција претседателката на комисијата Жаклина Пешевска.

„ Во момент кога зборуваме за заштита на жени од насилство, прашање што допира до реални животи и судбини, ваквото однесување не е само несериозно, туку и длабоко неодговорно. Наместо придонес, добивме блокада. Наместо решенија, добивме театар“, кажа Пешевска за однесувањето на колешката од албанската опозиција.

Вчерашната јавна расправа беше втора на која присутни беа граѓанските активисти, пратениците, преставниците на општинските совети. По забелешките за нацрт верзијата  Собранието треба да ја донесе Националната стратегија за превенција од родово насилство. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ