Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сака целосно да биде отстранета раководната структура во Иран.
– Сакаме да влеземе и да исчистиме сè. Не сакаме некој што би обновувал во период од 10 години – рече Трамп во телефонско интервју за „Ен-би-су њуз“, додавајќи дека има одредени идеи за тоа кој би бил „добар лидер“ во Иран.
Тој наведе дека презема одредени чекори за да се обиде да обезбеди луѓето што ги има на ум да ја преживеат војната, откако во четвртокот изјави дека „ќе мора да биде вклучен“ во именувањето на следниот ирански лидер. Според него, синот на починатиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, би бил „неприфатлив“, зашто е „лесна категорија“.












