понеделник, јуни 29, 2026
Дома СВЕТ Трамп пристигна во Кина, погледнете како беше пречекан/ВИДЕО

Трамп пристигна во Кина, погледнете како беше пречекан/ВИДЕО

491
Foto: Printscreen/Video/X

Американскиот претседател Доналд Трамп слета во Пекинг, каде што му беше приредена церемонија за добредојде.ф

Кинескиот лидер Си Џинпинг испрати висок функционер да ја предводи делегацијата за добредојде – кинескиот потпретседател Хан Женг.

Хан се смета за пратеник на Си за дипломатски настани, а минатата година присуствуваше на претседателската инаугурација на Трамп. Тој е пензиониран член на Постојаниот комитет на Политбирото, највисокото тело за донесување одлуки на Комунистичката партија на Кина, пишува Ослобоѓенје.

Меѓу функционерите кои го пречекаа Трамп се американскиот амбасадор во Кина, Дејвид Перду, кинескиот амбасадор во САД, Сие Фенг, како и кинескиот извршен заменик-министер за надворешни работи, Ма Жаошу, објави Белата куќа.

Претседателот на САД беше пречекан и од 300 кинески млади луѓе во сино-бели униформи кои маршираа по пистата носејќи кинески знамиња, придружени од воена почесна гарда и воен оркестар.

Си, исто така, ќе одржи официјална церемонија за пречек за Трамп во четврток наутро по локално време.

ИЗДВОЕНИ