четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп повторно го одложи ултиматумот до Техеран

Трамп повторно го одложи ултиматумот до Техеран

747

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ги одложи планираните напади врз иранските енергетски објекти, продолжувајќи го рокот за постигнување договор.

Трамп објави на социјалната мрежа „Трут соушал“ *Truth Social) дека, „на барање на иранската влада“, ќе ги суспендира нападите за период од 10 дена. Тој изјави дека новиот рок истекува на 6 април во 20 часот по источно време.

Тој додаде дека преговорите меѓу САД и Иран за прекин на конфликтот се уште се во тек и дека, и покрај тврдењата на „лажните медиуми“, тие „напредуваат многу добро“.

Трамп првпат се закани со напади врз иранската енергетска инфраструктура минатата сабота, доколку Техеран не дозволи повторно отворање на Ормутскиот теснец. Во понеделник, рокот беше продолжен за пет дена, со образложение дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран биле „многу добри и продуктивни“.

Иран ги отфрли ваквите тврдења како лажни, и оттогаш двете страни понудија спротивставени верзии за текот на можните преговори.

Соединетите Американски Држави оваа недела доставија предлог за мировен план од 15 точки, преку Пакистан. Иранските медиуми објавија дека Техеран одговорил со неколку услови за прекин на непријателствата, вклучувајќи безбедносни гаранции и воени репарации.

Порано во текот на денот, Трамп рече дека Иран „моли за договор“, но исто така се закани со уште посилни напади доколку не се постигне договор, пренесе „Индекс“.

ИЗДВОЕНИ