Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика латиноамериканските лидери да употребат воена сила за борба против нарко-картелите и транснационалните банди, кои ги нарече „неприфатлива закана“ за безбедноста на регионот.
Зборувајќи на самитот „Штит на Америка“ во Мајами, Трамп нагласи дека САД и земјите во регионот мора да го следат примерот на американската коалиција против Исламската држава и да спроведат слична стратегија против картелите на западната хемисфера, пренесува АП.
Трамп, исто така, објави дека политиката на САД кон Куба ќе биде зајакната и најави „големи промени“, додека го критикуваше Мексико како „епицентар на картелско насилство“.
Како дел од регионалната воена соработка, Еквадор и САД неодамна спроведоа операција против колумбиските нелегални групи во амазонската дождовна шума, што, според еквадорскиот претседател Даниел Нобоа, е само почеток на заедничка борба против организираниот криминал.
Трамп нагласи дека целта на САД е да го направат регионот „побезбеден, посуверен и попросперитетен“, додека борбата против кинеското влијание во регионот продолжува преку дипломатски и економски иницијативи.
На самитот „Штит на Америка“, кој има за цел зајакнување на воената и безбедносната соработка меѓу САД и латиноамериканските земји, присуствуваа лидери од Аргентина, Боливија, Чиле, Костарика, Доминиканската Република, Еквадор, Ел Салвадор, Гвајана, Хондурас, Панама, Парагвај и Тринидад и Тобаго, додека значајни регионални играчи – Бразил, Мексико и Колумбија – беа отсутни, наведеува АП.












