Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, денес објави дека поднесува оставка од својата позиција. Габард го информираше американскиот претседател Доналд Трамп за својата намера да поднесе оставка за време на состанокот во Овалната соба, објави „Фокс њуз“.
Нејзината оставка ќе стапи на сила на 30 јуни.
Во писмото за оставка, Габард му напиша на Трамп дека е „длабоко благодарна за довербата што ја има во неа и за можноста да ја води Канцеларијата на директорот на националното разузнавање во изминатите година и пол“.
Како причина за нејзината оставка, таа ја наведе неодамнешната дијагноза на ретка форма на рак на коските кај нејзиниот сопруг.












