недела, ноември 22, 2026
Дома СВЕТ Новинарот на „Еуроњуз“, Атила Керт, е именуван за директор на унгарскиот јавен...

Новинарот на „Еуроњуз“, Атила Керт, е именуван за директор на унгарскиот јавен сервис

0
Фото: : [[:en:Magyar Televízió|Hungarian Television]] new HQ building. - 64 Kunigunda Street, Kaszásdűlő neighbourhood, [[:en:Óbuda-Békásmegyer|3rd district]] of [[:en:Budapest|Budapest]].}}{{hu|1=: Az óbudai tévészékház (2008)

Атила Керт, раководителот на унгарскиот тим во „Еуроњуз“, е именуван за директор на унгарскиот јавен сервис – Унгарска телевизија и радио (MRTV). Оваа медиумска организација минува низ голема реорганизација по повеќегодишните критики за пристрасност за време на владеењето на Виктор Орбан. Керт вети дека ќе ја врати довербата на јавноста, ќе лансира платформа за стриминг и ќе истражи можно руско влијание.

Новинарот на „Еуроњуз“, Атила Керт, е именуван за генерален директор на унгарскиот јавен сервис (MRTV). Како што пренесува медиумот, Керт од 2013 година го предводеше унгарскиот тим на „Еуроњуз“ во Будимпешта.

За време на претходната влада, предводена од Виктор Орбан, националниот јавен сервис се соочи со критики од невладини организации и од Европската унија поради политичка пристрасност.

Медиумската организација сега ќе помине низ реорганизација со цел да се обезбеди објективно и независно известување, како и да се заврши процесот на дигитализација, пишува „Еуроњуз“.

За оваа позиција се пријавија 27 кандидати, од кои 14 ги исполнуваа условите. Претходно оваа недела, тие ги претставија своите планови на јавно сослушување, по што Независното тело за јавни медиуми – кое го надгледува процесот на транзиција – ја донесе својата одлука.

„Горд сум што работев во ’Еуроњуз‘ повеќе од 13 години. Искуството што го стекнав овде ми беше од голема помош при аплицирањето за оваа нова позиција. Без ’Еуроњуз‘, немаше да бидам толку остварен. Им благодарам на сите мои колеги“, изјави Керт.

При претставувањето на својата програма, Керт вети дека ќе го врати кредибилитетот на јавниот сервис, истовремено спроведувајќи реорганизација за да се обезбеди финансиска одржливост. Неговите планови вклучуваат лансирање платформа за стриминг и истражување на можно руско влијание.

Клаус Штрунц, уредувачки директор во „Еуроњуз“ (Euronews), изјави дека оваа одлука претставува потврда за новинарскиот квалитет и уредувачката независност на „Еуроњуз“ во Унгарија. „Атила Керт верува во слободата на изразување и во моќта на визуелните содржини, и знае како одговорно да ги користи во секоја ситуација.

Во текот на изминатите 13 години, како раководител на нашиот унгарски уредувачки тим, тој одигра клучна улога во зачувувањето и зајакнувањето на независноста и уредувачката неутралност на „Еуроњуз“ – како внатре во организацијата, така и во јавноста – во услови на силно поларизиран политички и медиумски пејзаж“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ