петок, јули 3, 2026
Дома СВЕТ Трамп објави дека по негова наредба, американските и нигериските сили го убиле...

Трамп објави дека по негова наредба, американските и нигериските сили го убиле најактивниот терорист во светот

198
EPA/JIM LO SCALZO

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа објави дека американските и нигериските сили во Нигерија го убиле Абу-Билал ал-Минуки, кого го опиша како втор човек по команда на Исламска држава, објавуи порталот „Кликс“.

Трамп изјави на платформата Truth Social дека операцијата е спроведена по негова наредба и дека американските сили и нигериските вооружени сили ја спровеле без пропусти. Тој рече дека ова била внимателно планирана и многу сложена мисија насочена кон, како што изјави, најактивниот терорист во светот.

„Вечерва, по моја команда, храбрите американски сили и нигериските вооружени сили беспрекорно извршија внимателно планирана и многу сложена мисија за отстранување на најактивниот терорист во светот“, напиша Трамп.

Потоа Трамп рече дека Абу-Билал ал-Минуки, за кого тврди дека е втор човек по команда на ИСИС во светот, се обидува да се скрие во Африка. Тој исто така рече дека ал-Минуки е под санкции на САД од 2023 година поради неговите врски со групата Исламска држава.

„Тој повеќе нема да ги тероризира луѓето од Африка ниту да помага во планирањето операции против Американците. Со неговото отстранување, глобалната операција на ИСИС е значително ослабена“, рече Трамп.

Тој, исто така, им се заблагодари на нигериските власти за нивното „партнерство“ во операцијата.

ИЗДВОЕНИ