Американскиот претседател Доналд Трамп денес посочи дека неодамна разговарал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, по неговата најава дека САД ќе ги намалат воените вежби со Јужна Кореја.
Во разговор со новинарите во Овалната соба на Белата куќа, кога Трамп беше прашан зошто Ким Џонг Ун не одговорил на неговиот вчерашен потег за намалување на вежбите со Јужна Кореја, тој кажа дека тој „реагирал“, објави Ројтерс.
„Ким Џонг Ун отсекогаш се однесувал кон мене со голема почит и се сретнавме во неколку наврати, всушност два големи, и разговаравме и поминавме време. Го разбирам. Тој ме разбира мене. Она што го правам е да ги направам работите побезбедни“, рече Трамп.











