четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Морам да бидам вклучен во изборот на новиот водач на Иран,...

Трамп: Морам да бидам вклучен во изборот на новиот водач на Иран, синот на Хамнеи е „неприфатлив“ за наследник

95
Фото:википедија

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави во четврток дека мора да биде „вклучен во именувањето“ на идниот лидер на Иран, отфрлајќи ја можноста Моџтаба Хамнеи да го наследи својот татко, покојниот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи.

„Тие си го губат времето. Синот на Хамнеи е несериозен. Морам да бидам вклучен во именувањето, како што беше тоа со Делси Родригез во Венецуела“, рече Трамп во интервју за „Аксиос“.

„Синот на Хамнеи е неприфатлив за мене. Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран, рече Трамп, предупредувајќи дека поставувањето лидер кој ќе продолжи по истиот пат ќе ги принуди Соединетите Американски Држави да водат војна „за пет години“.

 

ИЗДВОЕНИ