Доналд Трамп изјави дека мора да биде „вклучен“ во назначувањето на следниот лидер на Иран, според извештај на „Аксиос“, кој разговараше со американскиот претседател.
Според „Аксиос“, Трамп се осврнал на извештаите дека синот на поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во напад во саботата, би можел да биде именуван за негов наследник.
„Тие си го губат времето. Синот на Хамнеи е слаб. Морам да бидам вклучен во назначувањето, како што беше Делси [Родригез] во Венецуела“, беше цитиран Трамп.
„Синот на Хамнеи е неприфатлив за мене. Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“, рече тој.












