петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Трамп, јасно и гласно, порача: „Не сакам примирје со Иран“

Трамп, јасно и гласно, порача: „Не сакам примирје со Иран“

339
Фото: EPA

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за примирје со Иран, тврдејќи дека САД имаат предност и би сакале решителен крај на војната.

„Па, гледајте, можеме да водиме дијалог, но знаете, не сакам примирје. Немате примирје кога буквално ја уништувате другата страна. Тие немаат морнарица. Немаат воздухопловни сили. Немаат никаква опрема. Немаат набљудувачи. Немаат воздушна одбрана. Немаат радар. А нивните лидери се убиени на секое ниво. Ние не сакаме да го правиме тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, објави „Си-ен-ен“.

„Односите, според мене, се многу добри. Сакаме повеќе или помалку слични работи“, рече американскиот лидер.

Тој повтори дека верува оти САД ја „добиле“ војната со Иран, пренесе „Танјг“.

ИЗДВОЕНИ