Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран се согласил да ги предаде своите залихи од збогатен ураниум на САД за време на преговорите, но дека договорот не е вклучен во најновиот ирански предлог, додавајќи дека сегашното примирје меѓу двете земји е „многу слабо“.
„Ми рекоа дека ќе го добиеме ураниумот, но ќе мора сами да го отстраниме“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, додавајќи дека нуклеарните капацитети на Иран се толку уништени што само една или две земји во светот имаат капацитет да го извлечат преостанатиот материјал, објави Си-Ен-Ен.
Тој рече дека Иран ја споменал Народна Република Кина како друга земја способна за таква операција.












