сабота, февруари 7, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Трамп го омекна остриот тон: Значително ќе ги намалиме царините за Кина/ВИДЕО

Трамп го омекна остриот тон: Значително ќе ги намалиме царините за Кина/ВИДЕО

102

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските стоки „значително ќе се намалат, но нема да бидат нула“.

На прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп го омекна својот претходен остар тон по неколкунеделните одмазднички мерки кои ги зголемија тарифите за кинеските производи до дури 145%.

„145% е многу високо и нема да остане на тоа ниво“, рече Трамп како одговор на прашањата на новинарите во Овалната соба. „Нема да биде блиску до тоа. Значително ќе се намали. Но, нема да биде нула“.

Изјавите на Трамп уследија по коментарите на министерот за финансии Скот Бесент, кој претходно истиот ден рече дека сегашните царини меѓу САД и Кина практично ја блокираат трговијата меѓу двете земји.

ИЗДВОЕНИ