петок, јули 3, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Го одложивме планираниот напад врз Иран

Трамп: Го одложивме планираниот напад врз Иран

825
EPA/SHAWN THEW / POOL

Доналд Трамп во понеделник објави дека го откажал планираниот напад врз Иран во вторник, како одговор на барањето на лидерите на Персискиот Залив, и изјави дека се во тек „сериозни преговори“.

Сепак, во порака на неговата социјална мрежа Truth Social, американскиот претседател нагласи дека САД се подготвени да започнат „целосен, сеопфатен напад врз Иран во секое време, доколку не се постигне прифатлив договор“ со Техеран.

Тој прецизираше дека барањето за суспендирање на воената операција дошло од лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои, според него, веруваат дека е можен договор.

Тој договор мора да обезбеди Иран да не добие нуклеарно оружје, напиша Доналд Трамп.

„Времето истекува за Иран и подобро е да дејствуваат брзо, во спротивно нема да остане ништо од нив“, се закани американскиот претседател во неделата на „Трут соушал“.

Техеран во понеделник посочи дека одговорил на новиот предлог од Соединетите Американски Држави за прекин на војната на Блискиот Исток, која започна на 28 февруари со нападот на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран. Кревкото примирје е во сила од 8 април.

Но, според најновите извештаи, ставовите на двете страни остануваат многу оддалечени, истакнува „Франс Прес“.

Според иранската новинска агенција „Фарс“, Вашингтон презентирал список од пет точки кои, меѓу другото, бараат од Иран да задржи само еден активен нуклеарен објект и да ги пренесе своите залихи од високо збогатен ураниум во Соединетите Американски Држави, пренесе „Хина“.

ИЗДВОЕНИ