Американскиот претседател Доналд Трамп, засега, ги прекина плановите за значајно проширување на воените операции против Иран поради загриженоста околу намалувањето на резервите на американски проектили за противвоздушна одбрана, објави „Њујорк тајмс“.
Според американскиот весник, одлуката е донесена по состанокот што го одржа Трамп во петокот, со високите советници и членови на администрацијата.
Воените функционери предупредија дека продолжувањето на големите борбени операции би можело сериозно да ги исцрпи резервите од пресретнувачи за системите „Патриот“ и друга муниција потребна за заштита на американските војници и бази на Блискиот Исток.
Администрацијата на американскиот претседател, исто така, стравува дека дополнителна ескалација би можела да предизвика посилен одговор на Иран, да ги оддалечи сојузниците во земјите на Заливот како и да ги влоши глобалните енергетски и бегалски кризи, се наведува во „Њујорк тајмс“.
Одлуката на Трамп доаѓа во момент на зголемена напнатост меѓу Вашингтон и Техеран, по повеќенеделните воени судири и дипломатски напори на посредниците да пронајдат пат кон деескалација.












