
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени резервите на оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција и дека дополнително се зголемува производството.
Тој ги обвини за предавство луѓето што одаваат доверливи информации и најави нивно кривично гонење.
– Се трага по оние што одаваат предавнички информации – напиша Трамп, додавајќи дека ќе бидат побарани долготрајни затворски казни за одговорните.
Претходно, „Вашингтон пост“ објави дека Трамп побарал објаснување од министерот за одбрана, Пит Хегсет, зошто не бил решен проблемот со резервите на муниција. Според весникот, најмногу недостигаат наведувани ракети со долг дострел и ракети за противвоздушна одбрана.











