понеделник, октомври 5, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Цените на горивата ги крева тоа што Украина ги уништува руските...

Трамп: Цените на горивата ги крева тоа што Украина ги уништува руските рафинерии, а не Ормуз

0
EPA/Al Drago / POOL

Цените на бензинот во Соединетите Американски Држави ги покачува тоа што Украина ги уништува нафтените рафинерии во Русија, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, и додаде дека врз цената на горивото не влијае ситуацијата во Ормуската Теснина.

„Она што ја крева цената на бензинот веќе не е Ормуската Теснина – бидејќи сега речиси секојдневно се испорачуваат рекордни количества нафта – туку прашањето за рафинериите: оние во Русија што Украина ги разнесува и оние нашите што ги затвораат „Демократите“ во „сините“ сојузни држави, како Калифорнија“ напиша Трамп на Трут Соушл.

Рано денеска иранскиот бригаден генерал Али Фадави изјави дека Ормуската Теснина секако бил под иранска контрола за време на долгите месеци на судир.

– Американците се присутни во Персискиот Залив од 1853 година, но сега, за првпат, ниеден американски брод не е присутен не само во Персискиот Залив, Ормуската Теснина и Оманското Море, туку дури ни во северниот дел на Индискиот Океан – истакна тој.

Претходно повеќе американски медиуми пренесоа дека Трамп размислува да воведе забрана за извоз на дизел од САД, иако самиот Трамп тврдеше дека е оптимист во поглед на падот на цените откако протокот на нафта низ Ормуската теснина се зголеми во последните денови.

ИЗДВОЕНИ