Најмалку еден пожарникар загина денес, а тројца други се тешко повредени во две силни експлозии на гас во зграда во центарот на Брисел, кои се случија откако гасовод беше оштетен за време на градежните работи, објавија белгиските медиуми.
Околу 100 луѓе беа евакуирани од зградата кратко пред пладне откако изведувач случајно оштети гасовод, објави VRT nws.
Потоа во зградата се случија две експлозии, изјави портпаролката на Сибелга, Серена Галеоне, пренесе „Танјуг“.












