Денес избувна пожар во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, кој зафати ниска вегетација.
Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.
Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација, пренесе „Танјуг“.












