Патнички воз во Есекс, источна Англија, денес излета од шините, помалку од 24 часа откако во сличен инцидент беа повредени 20 лица во возот Лондон-Истборн.
Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичена греда пред да застане, објавува британски „Телеграф“.
Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако лидерите во индустријата инсистираа дека железниците се безбедни за употреба во топло време, пренесе „Танјуг“.












