четврток, јуни 25, 2026
Дома СВЕТ Трагичен инцидент при полетување: Авион усмрти пешак на писта во Денвер

Трагичен инцидент при полетување: Авион усмрти пешак на писта во Денвер

34
Фото:википедија

Авион на „Фронтиер ерлајнс“ удрил и убил пешак на пистата на аеродромот во Денвер, предизвикувајќи пожар на моторот и итна евакуација на патниците, според светските медиуми.

Инцидентот се случил доцна во петокот по локално време, кога „Ербас А321“, со 224 патници и седум членови на екипажот, почнал да забрзува за полетување за Лос Анџелес.

Службениците потврдија за ABC News дека лицето, кое се движело по пистата од непознати причини, загинало откако било вовлечено во еден од моторите на авионот. Пилотите веднаш го прекинале полетувањето, а патниците биле евакуирани преку итни лизгалки поради чад што ја исполнил кабината.

„Кула, удривме некого… имаме пожар во моторот“, може да се слушне контролата на воздушниот сообраќај во аудио снимка објавена од порталот ATC.com.

„Фронтиер ерлајнс“ соопшти дека е длабоко потресена од инцидентот и соработува со аеродромските власти и истражителите. Едно лице во авионот е полесно повредено во инцидентот, додека пожарот во моторот е изгаснат од страна на противпожарната служба на Денвер.

Федералната администрација за воздухопловство (FAA) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) започнаа истрага за тоа како неовластено лице завршило на пистата во моментот на полетувањето.

ИЗДВОЕНИ