Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата земја е целосно подготвена да преземе акција доколку дојде до промени во развојот на ситуацијата на Блискиот Исток. Трамп наведе дека имал одличен разговор со шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани, премиерот на Катар, при што Исламска Република Иран била главна тема на дискусија.
„Што е најважно, Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин, Кувајт и други земји би претпочитале да го задржат статус квото – со други зборови, продолжување на најголемата поморска блокада во историјата, како и нова операција, ’Железна порта‘ (Iron Gate), која опфаќа и копно и море“, напиша Трамп во објава на својата платформа за социјални медиуми, Truth Social.
Сепак, според „Ројтерс“, Трамп навести дека не брза со продолжување на нападите, напоменувајќи дека е задоволен од поморската блокада што САД ја спроведуваат против Иран во Ормускиот теснец, пренесува Танјуг.
„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Јас сум подготвен“, заклучи Трамп во краток телефонски разговор за Ројтерс.












