среда, септември 23, 2026
Дома СВЕТ Трагедија во Римскиот колосеум: Загина работник, туристичката атракција затворена

Трагедија во Римскиот колосеум: Загина работник, туристичката атракција затворена

0

Римскиот Колосеум, една од главните туристички атракции на италијанскиот главен град, денеска е затворен за јавноста откако таму во текот на ноќта почина 22-годишен работник, соопшти италијанското Министерство за култура.

Трагедија се случила во римскиот Колосеум, каде што 22-годишен техничар го загубил животот при пад од височина од околу десет метри.

Несреќата се случила додека работникот поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар. Неговата смрт ја потврдило италијанското Министерство за култура. По несреќата, дел од Колосеумот денес е затворен за посетители. Управата на Археолошкиот парк „Колосеум“ соопшти дека, во знак на жалост, ќе биде затворен дел од вториот прстен, каде што се случила несреќата.

Италијанскиот министер за култура Алесандро Џули изрази шок и жалење поради трагичниот настан.

„Длабоко сме тажни и потресени од веста за трагичната смрт на Андреа Морети, квалификуван работник кој почина синоќа по несреќа во Колосеумот“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони. Да се ​​почине на 22-годишна возраст е неприфатливо, а уште повеќе кога тоа се случува на работното место“, додаде таа.

Колосеумот, изграден пред околу 2.000 години, бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја и денес е една од главните туристички знаменитости во Рим.

Најголемиот италијански синдикат ЦГИЛ, пак, побара целосно затворање на споменикот во знак на почит кон загинатиот работник. Од синдикатот побараа и да се разјаснат околностите под кои дошло до несреќата.

ИЗДВОЕНИ