Шест лица, меѓу кои и еден британски државјанин, загинаа во пукање во Краков, Полска, соопшти шефот на полската полиција, Марек Борон. Според него, тројца од загинатите се полски државјани, еден е британски државјанин, додека идентитетот на преостанатите две лица сè уште не е утврден.
Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека во домот на осомничениот биле пронајдени телата на две жени и еден маж.
🚨 BREAKING: More possible victims in Kraków attacker's home, Polish PM Donald Tusk says
According to Tusk, drone footage suggests there may be dead people inside the gunman's family home.
“We will verify this,” the prime minister said.
Six people have already been confirmed… pic.twitter.com/Rh7Z2emn8y
— NEXTA (@nexta_tv) November 7, 2026
Тој изјави дека се верува оти станува збор за членови на потесното семејство на осомничениот.
Полицијата извршила претрес во домот на осомничениот и неговото семејство, а премиерот предупреди дека на таа локација можеби се наоѓа поголема количина оружје.
Се врши и проверка на возилото на осомничениот, поради сомневања дека во него би можело да има експлозив.
Осомничениот е ранет, уапсен и хоспитализиран.
Во пукањето загинаа шест лица, а неколку други се ранети.
Туск изрази уверување дека надлежните органи набрзо ќе успеат да ги пронајдат и уапсат евентуалните соучесници на сторителот.
Шефот на полската полиција, Марек Борон, изјави дека полициските службеници размениле оган со напаѓачот три минути по првичната пријава за пукањето, која била добиена веднаш по 15:30 часот по локално време.
Тој додаде дека на местото на настанот биле испратени околу 30 полициски единици, а двајца полицајци биле оперирани поради повредите здобиени за време на инцидентот.












