недела, јули 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Трагедија: Шеснаесетгодишно момче од Кондово почина на скопските клиники, му се слошило...

Трагедија: Шеснаесетгодишно момче од Кондово почина на скопските клиники, му се слошило додека бил на гости

0

Шеснаесетгодишно момче од селото Кондово починало откако било донесено во бессознание на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 16:22 часот од Клиничкиот центар. Малолетникот бил донесен во бессознание, а и покрај напорите на лекарите, за кратко време починал.

Според првичните информации, момчето заедно со својата мајка било на гости кај роднини во селото Сингелиќ, кога во еден момент му се слошило и паднало во бессознание.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

ИЗДВОЕНИ