недела, септември 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Трагедија се случи синоќа: Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа со тротинет...

Трагедија се случи синоќа: Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа со тротинет во кумановско Черкези

118

Тринаесетгодишно дете од кумановското село Черкези го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на регионалниот пат Куманово–Скопје.

Според информациите од СВР Куманово, во несреќата учествувале патнички автомобил „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 24-годишниот Ф.С. од Куманово, и електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од селото Черкези.

По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде што лекарите констатирале смрт.

Од полицијата информираат дека возачот на автомобилот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и увидна екипа на СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата.

ИЗДВОЕНИ