Крушево ни денеска не куртули од лошите временски услови. По обилните врнежи од дожд во изминатиот ден, денеска градот го зафати невреме со силни врнежи од град.
Објавена е снимка на социјалните мрежи, Крушевчани од утрово се затекнати од тмурен ден со порој без прекин.
Крушево беше најмногу погодено со дожд во изминатите 24 часа, каде изврнаа 34 литри на метар квадратен, а викендот повторно носи нестабилно време низ Македонија. Според УХМР, под влијание на нова циклонска активност ќе продолжат локалните врнежи, а на места се очекуваат и пообилни дождови, грмежи и засилен ветер.












