Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на места и поројни врнежи проследени со грмежи, најавуваат метеоролозите за утре. Нестабилностите ќе бидат поизразени во попладневните часови и во текот на ноќта.
Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, додека ветерот ќе дува од јужен правец со слаб до умерен интензитет.
Слично време се очекува и во Скопје. Променливата облачност попладне и во текот на ноќта ќе донесе повремени врнежи од дожд, кои во одредени делови од Скопската Котлина ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Во главниот град ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.












