недела, август 30, 2026
Дома БАЛКАН Траект со околу 260 патници се преврте покрај северниот брег на Кипар,...

Траект со околу 260 патници се преврте покрај северниот брег на Кипар, нема извешти за жртви /видео

0
Фото:принтскрин, Озгуг газет“, видео „Икс“.

Траект со повеќе од 260 патници се преврте покрај северниот брег на Кипар, објавија турските медиуми.

Фериботот од типот катамаран патувал од пристаништето Киренија, познато и како Гирне, на север од етнички поделениот Кипар, до турското пристаниште Ташугу во покраината Мерсин.

Нема веднаш извештаи за жртви.

Траектот почнал да се полни со вода кога бил на неколку километри од брегот, објави турската државна телевизија ТРТ.

Министерот за транспорт на Северен Кипар, Ерхан Арикли, изјави за ТРТ дека фериботот се превртел и дека спасувачките екипи веќе се на местото на настанот.

Неколку компании управуваат со прометната фериботска линија помеѓу Киренија и Ташугу. Сè уште не е познато која компанија управувала со превртениот траект.

Видео снимките од местото на настанот покажуваат луѓе во елеци за спасување како пловат во водата околу превртениот брод, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ