недела, август 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Најмногу количина дожд наврна во Крива Паланка во локално невреме што синоќа...

Најмногу количина дожд наврна во Крива Паланка во локално невреме што синоќа ја зафати Македонија – попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

0

По локалното невреме што синоќа зафати делови од земјава, најмногу количина дожд наврна во Крива Паланка, 30 литри на метар квадратен, соопшти УХМР.

Според измерените податоци, 18 л/м2 наврнале во Струмица, 13 Виница, 8 Берово, 6 Тополчани, 3 Битола, 1 Радовиш, Крушево.

УХМР напоменува дека поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето до крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 36 степени.

 

ИЗДВОЕНИ