недела, јули 12, 2026
Дома МАГАЗИН Топлинскиот бран во Франција ќе трае најмалку до среда

Топлинскиот бран во Франција ќе трае најмалку до среда

0

Во Франција, 37 департмани денес беа ставени под црвено ниво на тревога поради големиот топлотен бран што ја погоди земјата, додека 46 департмани се на портокалово ниво на тревога, објави Француската метеоролошка служба.

„Метеофранс“ вели дека топлотниот бран, трет во изминатите месец и половина, треба да трае најмалку до средината на следната недела, со постепено намалување на топлината од денеска. Шумската метеоролошка служба предупреди на „многу висок“ ризик од пожари во департманот Горна Гарона, додека 54 други департмани се класифицирани како портокалови, што значи дека се изложени на „висок“ ризик.

Деветтата етапа од велосипедската трка „Тур де Франс“, која се одржува попладнето помеѓу Малме и Усел, е скратена за триесет километри поради „исклучителни временски услови“, соопштија организаторите, пренесува „Танјуг“.

Поради екстремната топлина, музеите „Лувр“ и „Версеј“, како и Ајфеловата кула, одлучија да го скратат работното време, а властите во околу триесет департмани и градови во Франција објавија откажување на огнометот на еден од најголемите национални празници на 14 јули (Ден на Републиката, Ден на Бастилја) поради суша и ризик од пожар.

ИЗДВОЕНИ