Легендарниот Клеј Томпсон би можел да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Лејкерс, пренесува „Атлетик“. Според информациите, искусниот шутер е блиску до разделба со Далас и наскоро би можел да стане слободен агент.

Лејкерс важи за главен фаворит за неговиот потпис, а дополнителен мотив за Томпсон е тоа што дел од детството го поминал во Лос Анџелес, каде што и денес има дом. Томпсон има уште една година од договорот вреден 17,4 милиони долари, а минатата сезона бележеше просек од 11,7 поени со 39 проценти успешност во шутот.

Иако се шпекулира со негово заминување, Далас не сака лесно да се откаже од идниот член на Куќата на славните. Покрај Лејкерс, интерес за Томпсон покажува и Мајами, додека Маверикс повеќе преферира размена отколку раскин на договорот.

ИЗДВОЕНИ