среда, август 5, 2026
Дома СКОПСКА Ќе се санира преминот преку пругите на улицата „Перо Наков“

Ќе се санира преминот преку пругите на улицата „Перо Наков“

21

Град Скопје и Општина Гази Баба ги известуваат граѓаните дека утре, во периодот од 8:00 до 16:00 часот, ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ – Скопје ќе работи на санација на патниот премин на улицата „Перо Наков“, во непосредна близина на железничката станица Маџари.

– Во текот на изведувањето на работите, сообраќајот на улицата „Перо Наков“, на делот каде што се наоѓа патниот премин (преминот преку пругите), ќе биде целосно во прекин – соопштија градските власти.

Работите се реализираат во координација со СВР Скопје и со ЈСП, со цел нивно безбедно и ефикасно спроведување.

Од Град Скопје ги замолуваат граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките на полициските службеници, како и навремено да ги планираат своите патувања.

 

ИЗДВОЕНИ