
Медиумите што важат за блиски до таборот на италијанскиот калчогигант Милан открија дека е можно португалскиот интернационалец Рафаел Леао да остане на „Сан Сиро“ доколку заинтересираниот клуб не понуди 60 мил. евра за неговото обесштетување. Моментално, единствени два клуба што покажуваат интерес за крилниот напаѓач се турските суперлигаши Фенербахче и Галатсарај.











