петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Тивка комуникација во заднина! САД испраќаат пораки, Иран отворен за „одржлив“ договор

Тивка комуникација во заднина! САД испраќаат пораки, Иран отворен за „одржлив“ договор

125
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Ирански извор вчера изјави дека имало „разговори“ меѓу САД и Техеран иницирани од Вашингтон и дека Иран е подготвен да ги слушне „одржливите“ предлози за прекин на војната, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван извор во Иран.

„Во последните денови имало разговори меѓу САД и Иран, иницирани од Вашингтон, но ништо не го достигнало нивото на целосни преговори“, изјавил изворот за Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека „преку разни посредници се примени пораки за да се утврди дали може да се постигне договор за прекин на војната“.

„Предлозите што се разгледуваат не се насочени само кон постигнување прекин на огнот, туку кон конкретен договор за прекин на конфликтот меѓу САД и Иран“, додаде изворот, без да навлегува во дополнителни детали.

Изворот, според Си-Ен-Ен, одбил да ги коментира изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите и нагласил дека ставот на Иран отсекогаш бил јасен – дека Техеран е подготвен да разгледа секој одржлив предлог.

„Иран не бара средба или директни разговори со САД, но е подготвен да сослуша доколку се појави план за одржлив договор што би ги зачувал националните интереси на Исламската Република Иран“, изјавил изворот за американската телевизиска мрежа.

„Иран е подготвен да ги обезбеди сите потребни гаранции дека никогаш нема да развие нуклеарно оружје, но има право на мирна употреба на нуклеарната технологија“, изјавил изворот за Си-Ен-Ен, инсистирајќи дека секој предлог мора да вклучува и укинување на сите санкции наметнати врз Иран.

ИЗДВОЕНИ