сабота, јуни 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА По „епскиот бес“ започна операцијата „економски бес“: Државите се веќе предупредени

По „епскиот бес“ започна операцијата „економски бес“: Државите се веќе предупредени

423
EPA/SHAWN THEW

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, најави воведување на секундарни санкции за сите земји чии банки држат пари поврзани со Иран или купуваат иранска нафта, пред разговорите меѓу САД и Иран што треба да се одржат до крајот на оваа недела во Исламабад.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД би можеле да ги продолжат преговорите со Иран, Белата куќа, исто така, даде официјална изјава за ова прашање.

Портпаролката Каролин Ливит нагласи дека САД „останува многу ангажирани во овие разговори“, за кои додаде дека се „продуктивни и тековни“, пишува Би-Би-Си.

Таа нагласи дека се водат и лични разговори меѓу претставници од двете страни, „но ништо не е официјално додека не слушнете од нас тука во Белата куќа“.

Ливит тврди дека продолжувањето на разговорите најверојатно ќе се одржи во Исламабад. „Се чувствуваме добро во врска со изгледите за договор“, рече таа, додавајќи дека е „во најдобар интерес на Иран“ да се исполнат барањата на Трамп, за кои, според неа, тој „многу јасно ги ставил на знаење“.

Секундарни санкции
Министерот за финансии, Скот Бесент, изјави дека цените на горивата ќе зависат од тоа како ќе се одвиваат преговорите со Иран. Тој додаде дека САД се придржуваат до условите на прекинот на огнот, иако Ормутскиот теснец е под блокада на САД.

Во тек е операцијата „економски бес“, во која САД вршат финансиски притисок врз Иран. Нејзината централна банка веќе предупреди дека извозот и трговијата би можеле целосно да запрат ако конфликтот продолжи, а инфлацијата веќе се искачува кон 180 проценти.

Бесент рече дека земјите од Блискиот Исток биле многу потранспарентни во врска со чувањето ирански средства во своите банки по иранските напади. Затоа ги повика да ги замрзнат средствата на Иранската револуционерна гарда и да не купуваат иранска нафта, бидејќи во спротивно САД ќе разгледаат секундарни санкции.

Зборувајќи за санкциите, три лица, девет бродови и 17 правни лица веќе се под санкции. Бесент рече дека две кинески банки добиле писмо од американското Министерство за финансии во кое се бара да докажат дали има ирански пари на нивните сметки. Ако има, САД ќе им воведат санкции.

Санкциите за руската нафта се враќаат
Каролин Ливит додаде дека кинескиот претседател Си Џинпинг го уверил Трамп дека тие „не го снабдуваат Иран“ со оружје во овој конфликт.

Министерот за финансии на САД рече дека „нема да ја обнови општата лиценца за руска нафта“ бидејќи станува збор за „нафта што била на вода пред 11 март, па затоа целата е потрошена“. Санкции се воведени и за иранската нафта.

На прашањето колку долго ќе трае поморската блокада на иранските пристаништа, Ливит рече дека „никогаш нема да постави рок во име на претседателот“, но истакна дека операцијата сега е целосно спроведена.

„Блокадата се спроведува против бродовите на сите земји што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. За бродовите што минуваат низ теснецот надвор од пристаништата, американските сили ја поддржуваат слободата на пловидба“, повтори таа.

ИЗДВОЕНИ