среда, ноември 25, 2026
Дома СВЕТ Тешка несреќа во близина на Каиро: Десетици жртви во експлозија на цистерна/ВИДЕО

Тешка несреќа во близина на Каиро: Десетици жртви во експлозија на цистерна/ВИДЕО

1

Најмалку 30 лица загинаа, а 15 се повредени во пожар во кој учествуваше цистерна со нафтени деривати, што избувна денеска во египетската провинција Гиза, соопшти Министерството за здравство и население.

Несреќата се случила над „Тунел 10“ во населбата Варак, во близина на обиколницата на Каиро, пренесува Ројтерс.

Според египетското Министерство за нафта, цистерна во приватна сопственост излетала од патот, удрила во објект, по што експлодирала.

На местото на настанот биле испратени 39 возила на брза помош, а повредените биле пренесени во три болници.

На снимките објавени од медиумот „Ал Арабија Египет“ се гледа како огнот зафаќа возила на патот, додека густ црн чад се издига над местото на несреќата.

Од Министерството за здравство предупредија дека бројот на жртвите не е конечен. Надлежните органи продолжуваат да ја следат ситуацијата и да им пружаат помош на повредените.

ИЗДВОЕНИ