среда, ноември 25, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Се асфалтира автопатот од Гевгелија до Богородица, се работи и ноќе

Се асфалтира автопатот од Гевгелија до Богородица, се работи и ноќе

0

Интензивно се одвива асфалтирањето и рехабилитацијата на автопатот на Коридорот 10, на делницата од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Градежните активности се изведуваат и во ноќните часови, со цел реконструкцијата да заврши што побрзо.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, изврши вечерен увид во работите, при што оцени дека активностите се одвиваат одлично и дека наскоро овој дел од автопатот ќе добие современ изглед.

Станува збор за целосна реконструкција и рехабилитација на околу пет километри од автопатот, од граничниот премин Богородица до делницата по Гевгелија.

„Ова е граничен премин на Коридорот 10, кој нè поврзува со Грција. Се работи интензивно, како што гледате, и навечер, со цел што побрзо да заврши рехабилитацијата и да имаме супер модерен влез во државата“, изјави Николоски.

Тој посочи дека проектот се реализира во рамки на програмата на Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, нагласувајќи дека целта е подобрување на патната инфраструктура и нејзината состојба во сите делови од државата.

Николоски ги поздрави и работниците ангажирани на терен, истакнувајќи дека при вечерната посета се уверил оти градежните активности се одвиваат со добра динамика.

ИЗДВОЕНИ