петок, август 21, 2026
Дома СВЕТ Тепачки на бензинските пумпи во Русија: Се чека и по 30 часа...

Тепачки на бензинските пумпи во Русија: Се чека и по 30 часа за да се замине со празен резервоар, а за револтот следува казна

1
EPA/MAXIM SHIPENKOV

Москва и околните региони ја ограничија продажбата на гориво на 50 до 60 литри за возило, додека Украина ја засилува својата кампања на „длабок удар“, зголемувајќи го притисокот врз енергетска мрежа на Русија. Во најмалку 12 региони, возачите чекаат до 30 часа на бензинските пумпи, а потоа сфаќаат дека нема гориво. Долгото чекање ја довело руската јавност на работ на нервен слом, а снимките покажуваат тепачки за гориво меѓу возачите. На мрежата „Икс“ се шират видеа на кои луѓе дивјачки се борат за последната капка бензин, а вработените на бензинската пумпа и полицајците се немоќни во обидот да ги раздвојат.

Но, Русите што снимаат и изразуваат загриженост за ситуацијата сега се соочуваат со казни и апсење. Во Волгоград, полицијата приведе петмина жители откако снимиле видеопорака до Александар Бастрикин, шеф на Истражниот комитет на Русија, во која побарале објаснување зошто користеле локалните службеници картички за приоритетно купување гориво додека јавните бензински пумпи биле празни. Властите го окарактеризирале нивното снимање како „неовластено јавно собирање“ и парично ги казниле. Алексеј Севастјанов, адвокат што доби пет дена притвор за наводен отпор кон полицијата, ја критикуваше репресијата на Кремљ. За локален медиум, тој изјави дека плашењето на луѓето со тоа што се вели дека снимањето видеоапел бара одобрение од некоја администрација – е едноставно апсурдно. Слични тактики на заплашување се користат и во други региони. Во Перм, Лев Самоловских беше казнет со 10.000 рубљи за споменување планиран протест на канал на „Телеграм“ со само 44 претплатници.

– Ова е вистинска криза, воопшто нема бензин во 80 региони на земјата, а во Крим и во делови од Урал е прогласена вонредна состојба. Драстичните потези на Путин покажуваат колку е лоша ситуацијата. Русија сега увезува гориво од Азербејџан, прашува дали може да користи рафинерии во Казахстан, се испраќаат полициски сили да ги чуваат бензинските пумпи – кризата е сериозна – вели за „Индепендент“ Катја Глод, заменик-шеф на надворешната политика во Центарот за нови евроазиски стратегии (НЕСТ).

Од почетокот на август, украинските беспилотни летала уништија речиси една третина од главните рафинерии за нафта во земјата. Овие напади го намалија домашното производство на нафта на најниско ниво во последните децении. Иако призна за огромните редици, министерот за енергетика, Сергеј Цивилев, инсистира дека сè уште е достапно горивото, тврдејќи дека сè уште може да се најде дизел, пишува „Индепендент“.

– Путин сè уште не признал дека постои криза. Тој продолжува да ја отфрла како последица на тесните грла во снабдувањето и дел од војната на поширокиот Запад против Русија, наместо ефикасно да ја управува – вели Голд и додава дека Москва сè уште има простор за маневрирање за да го намали влијанието на недостигот преку подобра координација и прераспределба.

Но, почетокот од кризата во мај предизвика значителна промена во јавното мислење, при што анкетите покажаа дека сè поголем број Руси сега сакаат да заврши војната, иако под руски услови.

ИЗДВОЕНИ